Лошите навики на несовенсите граѓани продолжуваат. Наместо на поправка, нечиј стар чадор завршил во водите од Охридското езеро. Очигледно е дека апелите на надлежните за менување на старите навики до некого не допираат. Често во водите на езерото можат да се забележи разновиден цврст отпад- од пластични шишиња, до обувки.
При неодамнешната акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад кај Градиште беше подигната голема количина градежен шут од дното на езерото.
Акциите за чистење на езерото од отпад се дел од проектот за заштита на езерото на Одделението за заштита на животната средина при општинскиот сектор за урбанизам. Оттаму најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина со цел да се влијае на свеста на граѓаните за последиците од загадувањето на животната средина.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com