Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока.

При контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, на граничниот премин Ќафасан биле откриени 247 стоматолошки материјали и инструменти  (ампули за анестезија, игли, пломби, проширувачи на забен канал, четкички за полирање заби и четка за чистење инструменти).

Непријавените производи пронајдени биле во најлонска кеса сместена во просторот помеѓу предните и задните седишта на возилото.

OhridNews