Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледаа мерките што ќе се преземат во врска со најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати територијата на Република Македонија за време не викендот. На состанокот беа разгледувани превентивнте мерки што треба да ги преземат сите надлежни институции за обезбедување на соодветна опрема и механизација на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.

Препораки до градоначалниците е директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои тие се надлежни и доколку имааат потреба да се обратат до надлежните институции за помош. МВР да ги засили контролите на патните правци каде се очекува поголем интензитет на снежни врнежи.

Возачите особено да ги почитуваат првилата за носење на зимска опрема и да се придржуваат кон најавите за забрана на движење на патните правци, а воедно да ги информираат службите на АМСМ за било каков прекин на сообраќајот. Од Координативното тело апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.

OhridNews