Ќе има казни и награди за професорите по проверката на знаењето на екстерното тестирање, јавува „Телма“.
Дел од директорите на средните училишта за телевизијата потврдиле дека добиле решение од Министерството за образование, според кое, во текот на идната година ќе треба да ги казнуваат и наградуваат професорите.
Паричните казни односно награди ќе изнесуваат 15 отсто од платата и ќе се пресметуваат сите дванаесет месеци од 2015 година. Професорите кои имаат најголеми отстапувања во оценките, во однос на резултатите од екстерното тестирање, ќе имаат и обврска да одат на советодавни обуки.
извор: „Телма“













