СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба” и „лажно пријавување”.
Пријавената отишла пред ресторанскиот дел од кабаре лоцирано во населбата Бејбунар и со клучот кој само таа го поседувала ја отклучила вратата од ресторанскиот дел, влегла внатре и одзела два звучници, појачало, ледомат, од причини што истата не била исплатена за сработеното, а предметите ги продала на непознато лице. Потоа лажно го пријавила горенаведеното дело „тешка кражба”, иако знаела дека тоа не е извршено од страна на непознати лица. Со опишаното дејствие пријавената се стекнала со противправна имотна корист во висина од 20.000 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување или повластување на доверители“. Во 2013 година, за правниот субјект каде пријавениот бил управник, бил отворен стечај, односно отпочнала стечајна постапка. Тогаш, пријавениот знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, а со цел да ги оштети доверителите на фирмата, како физичко лице ги отуѓил материјалите и целокупната стока со која располагала фирмата. На тој начин, пријавениот како поранешен управник на правниот субјект, се стекнал со противправна имотна корист-поголем износ на пари, оштетувајќи ги доверителите, во износ од 3. 574 107 денари.
OhridNews