Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар под дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР. Тоа значи дека нивото на езерото е за три сантиметри повисоко од минатата недела кога по реакциите на јавноста и доставените податоци од управата до ЕЛЕМ, од страна на АД Електрани на Македонија во целост беше затворен испустот кај вливот на реката Црн Дрим.
Од страна на УХРМ како причини кои довеле до нискиот водостој беа наведени слабите врнежи во зимскиот период и ниските температури, како и количината на испуштена вода од езерото.
Со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга, се очекува во наредниот период нивото во езерото постепено да расте.
OhridNews