Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена, информира Центарот за јавно здравје.

– Во тек е комплетна микробиолошка и хемиска анализа на сите параметри во водата, по што, соодветниот наод/резултат ќе биде доставен до инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, за натамошно постапување. – соопшти Центарот за јавно здравје.

Обилните врнежи изминатиот период ги заматија изворите од кои со вода се снабдува Струга, поради што на 16-ти ноември беше донесена одлука за забрана за користење на водата од градскиот водовод во Струга за пиење.

OhridNews