Пациент заразен со бактеријата листерија што ја има во храната, вчера бил примен на Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, пренесува „Макфакс“. 

Пациентот е од Тетово, на 48-годишна возраст и се наоѓа во стабилна состојба.

Ова е седми случај на листерија во Македонија за последните 30 денови. Од бактеријата починаа четири лица, меѓу кои едно новороденче. Двајца возрасни се излекуваа, а уште едно новороденче се наоѓа на Детската клиника и според информациите од почетокот на неделава, неговата состојба е стабилна.

Изворот на бактеријата сè уште не е откриен, а резултатите од досегашните испитувања на храната и млекото се негативни. Министерството за здравство вчера поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет небезбедна храна и сега надлежните трбеа да покренат детална истрага од каде потекнува заразената храна.

OhridNews
извор:„Макфакс“