Во кривичниот суд, вчера, продолжи судењето на обвинетите за случајот „Фаланга“. Меѓу нив, директорот на Управата за заштита на културното насилство, Паско Кузман и поранешниот раководител Илчо Бојчевски. Сведокот бил учесник во препродажбата на вредните археолошки предмети.
Во тензична атмосвера со многу вербални навреди и препукувања помина соочувањето на обвинетите во случајот Фаланга два со сведокот Иле Николов, пренесува Телма. Тој кажа дека долги години откупувал или добивал како залог, разни предмети од диви ископувачи на кои им позјамувал пари. Потоа , со посредство на дел од обвинетите ги препродавал. Тврдеше дека не знаел за какви предмети станува збор, од каде потекнуваат и дали воопшто се работи за археолошки артефакти. Но, по серија прашања на одбраната призна дека од продажбата заработил многу пари. На тоа следеше бурна реакција на обвиентите кои побараа соочување, а потоа еден по еден застануваа пред сведокот. Кога тој ќе повтореше дека токму тие учествуале во препродажбата, обвинетите му велеа „како не ти е срам, кажи кој те натера да лажеш“. Одбраната пак вели дека сведокот признал дека со години работел незаконски и за тоа никогаш не одговарал.
– Ова беше клучниот сведок на обвинителството кој кажа дека нелегално препордавал артефакти за кои не ни знаел дали се артефакти, видовте и самите дека сведочењето му беше лажно и во недостиг на материјални докази се сведоа на вакви сведоци, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ.
Останатите сведоци тврдеа дека за сите ископувања биле издадени соодветни одобренија, а активностите на локалитетите биле надгледувани од полицијата. Александар Новаковски, адвокат на поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман вели дека со ниту едно сведоштво не се докажала негова инволвираност.
– Сите сведоци потврдија дека немало никави нелегални дејствија и јас не знам зошто господинот Кузман е меѓу обвинетите, рече Новаковски.
Инаку Паско Кузман заедно со поранешниот раководител на Управата Илчо Бојчевски и петнаесетина други се обвинети дека незаконски издавале дозволи за ископување на археолошки локалитети. Судењето продолжува со распит и на останаите сведоци, а дотогаш Кузман останува во домашен притвор додека другите обвнети во истражниот затвор „Скопје“.
OhridNews
извор:„Телма“