
Разговорите, како што рече Заев, се доказ за злоупотреби на механизмите на власта во изборни цели, за што бил употребуван државниот апарат, како и инспекциските служби.
-Разговорите ги разобличуваат притисоците за време на избори врз администрацијата и вработените во јавните институции и установи да ги поддржат кандидатите на најголемата владејачка партија.-рече Заев.
Предмет на емитуваните разговори, како што посочи Заев, се и манипулации со медиумите и нивна употреба во политички цели.
Заев најави дека во вторник во Универзална сала СДСМ ќе објави нови разговори за изборни манипулации, кои, како што рече, говорат за изборен грабеж во Македонија во режија на власта.
OhridNews












