По распишаниот оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, општина Охрид донесе одлука кои поднесители ги исполнуваат условите за користење на субвенции пропишани во објавениот Јавен оглас.
Имињата на корисниците на субвенции можат да се видат на интернет страната на општина Охрид. Доделените субвенции се однесуваат на: трошоците за одведување отпадни и атмосферски води, трошоци за потрошена вода за пиење, за одведување на отпад и за плаќање гробна такса.
OhridNews