Обновено: Двојно убиство и самоубиство во скопската населба Аеродром
22.07.14 14:07
Две убиства и самоубиство ја потресе скопската населба Аеродром. На петтиот кат во зградата 44 , скопјанецот Игор Тасевски ги застрелал сестрите, 34 годишната Наташа и 31-годишната Билјана , а потоа си го одзел животот. Убиецот дошол во станот на Наташа претпладнево, околу 11 часот . Хоророт започнал на влезната врата кога нејзината сестра Билјана му отворила на заедничкиот познаник. По расправијата која почнала во ходникот и од засега неразјаснети причини, Тасевски извадил пиштол и ја застрелал помладата Билјана. Веднаш потоа пукал и во Наташа, а потоа се самоубил. Сето ова се случило пред очите на децата на Наташа, на возраст од седум и девет години .
Двете сестри и убиецот се од Скопје, но живеле на различни адреси. Кога полицијата пристигнала на местото на злостортсвото децата биле во шок. Постојано прашувале кога ќе тргнат на одмор во Грција. Соседите кои го пријавиле случајот по полиција откако ги слушнале истрели во нивниот влез, велат дека не ја знаат причината за убиствата, не ги познавале убиените, ниту пак го виделе убиецот.
Истргата покажала дека убиецот има досие во полициската евиденција. Во 2004 година бил пријавен за загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка. Полицијата се уште трага и по таткото на двете деца.
Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид со која значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите Oд Болницата информираат дека набавени се ...
ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид во недела го организираат pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активнос...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анали...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.