
Спогодбата предвидува намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони за пет пати, што значително ќе им го олесниу патувањето во странство на граѓаните. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори помеѓу овие држави од регионот.
За примена на спогодбата чија содржина ја договараа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.
OhridNews












