Снабдувањето со вода во Охрид е веќе стабилизирано и сите делови на градот во моментов имаат вода.
Од ЈП „Проаква“ информираа дека прекинот на водоснабдувањето и нискиот притисок на водата настанал поради нестабилното напојување со електрична енергија на пумпите кои ја носат водата во резервоарите.
Оттаму информираа дека во моментов пумпите работат нормално и се надеваат дека доколку нема проблеми со електричното напојување, водоснабдувањето во Охрид ќе биде нормално.
OhridNews