Забрана за тешки товарни возила се воведува на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила се воведува превентивно и на планинскиот превој Пресека, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин,Тетово и на планинскиот премин Стража. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ препорачува задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

-Според информации добиени од УХМР се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри, информираат од АМСМ.

OhridNews