Од утре во Охрид ќе стартува „Running club“, кој е во организација на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ. Членството не се наплаќа, а вратата во охридскиот клуб за трчање е отворена за сите љубители на трчањето и спортот, без разлика на возраста.

Збирното место на „Running club“ од Охрид е после каналот Студенчишта веднаш до Езерската полиција во 17 часот.

За сега клубот за трчање ќе има активности во вторник и петок, а за членовите и нивната форма во пресрет на најбогатиот спортски викенд во Охрид ќе се грижи Професорот по Физичко образование и култура, Златко Пуцоски.

Клубот за трчање втора година по ред е активен во Охрид. Минатата година членуваа околу 30-тина вљубеници во трчањето.

Годинава, главниот настана на Охрид трчаТ под мотото „Трчај, забавувај се и уживај во Охрид“ ќе се одржи на 2 јуни, но целиот викенд ќе биде исполнет со богата програма.

OhridNews