Традиционално, во организација на општинскиот Црвен крст и локалната самоуправа, денес, во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се одржа хуманитарен предновогодишен ручек за социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.Особено возбудени беа најмладите кои добија и новогодишни пакетчиња кои за оваа пригода ги обезбеди локалната самоуправа.

– Ние како локална самоуправа продолжуваме да креираме подобри услови за живот, а од вас драги деца бараме да бидете среќни и радосни, пред се упорни и посветени во училиште, да се вложите во она кое во иднина ќе го работите и никогаш да не се откажувате од поставените цели.Само така ќе го постигнете својот успех како идни градители на нашето општество,им се обрати градоначалникот Никола Бакрачески.

Во знак на благодарност најмладите рецитираа и пееја песнички,а на заедничкиот ручек со присутните градоначалникот имаше можност и да ги слушне проблемите на возрасните.

– Се надевам дека секоја наредна година ќе има се помал број на социјално загрозени семејства и луѓе на кои им е потребна помош,изјави претседателот на општинскиот Црвен крст,Сашо Точков.

Од страна на градоначалникот присутните добија ветување дека грижата на локалната самоуправа за социјално-загрозените семејства ќе продолжи и во наредниот и тоа со зголемен интензитет.

OhridNews