По тој повод пригодна свеченост денеска се одржа во седиштето на Здружението на лица инвалиди на трудот во Охрид.
Под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет “ Мобилност“, здружението за општините Охрид и Струга, утре, 4- ти декември ќе ги одбелележи Светскиот ден на хендикепираните и 25- годишнината од формирањето на сојузот. Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Далјан“ со почеток во 11 часот.
Во рамките на прославата , по свеченото отворање ќе се одржи државниот натпревар за литературни творби од лицата со телесен инвалидитет и културно- уметничка програма.
По повод одбележувањето на 3- ти декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески упатија честитка до лицата со посебни потреби и нивните здруженија.
– Ви го честитаме Светскиот ден на лицата со хендикеп и Ве уверуваме дека и натаму во рамките на нашите можности ќе се грижиме за подобрување на вашата социјална и општествена положба. Донесовме локален акционен план и се надеваме дека заедно со другите субјекти битно ќе ја подобриме Вашата положба и потреби, зошто Вие сте наши сограѓани и рамноправен дел од локалната заедница – се вели во честитката.