Организацијата на настанот беше во соработка со промоторот од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции во Истанбул, Филиз Вели, конзулот на Република Македонија во Истанбул- Зерин Абаз и ТУРСАБ (Турска Асоцијација на Туристички Агенции). На настанот учествуваа и туристички агенции и хотелски компании од Македонија, кои направија презентации на своите компании, а остварија и контакти со турските фирми.
– Ваквите настани се навистина корисни не само за нас како хотелиери, туку воопшто и за целата држава. Со ваквите активности на агенцијата и владата искрено се надеваме дека ќе се постигнат поголеми резултати во успешно промовирање на нашата држава како одлична туристичка дестинација и ќе се постигне привлекување на голем број на туристички групи од различни пазари. изјави Сања Николовска од Македонијатурист- АД Скопје”.
Ела Атакан од ТУРСАБ смета дека субвенциите што се нудат од страна на македонската влада за организирање на туристички групи ќе направат значително зголемување на интересот кај нивните над 6.000 членки да ја вклучат и Македонија како туристичка дестинација во нивната понуда.
– Турција стана еден од нашите главни целни пазари. Очекувам инкоминг туристичките агенции од Македонија да ги искористат направените контакти, да направат интересни и конкурентни пакет аранжмани со разна туристичка тематика кои ќе ги понудат на колегите од Турција за продажба на тој пазар. АППТ би ги подржала таквите продажни напори со промоција на двата саеми во Истанбул и Измир во 2012 година. Приватната иницијатива е на потег, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јордан Трајков.
По овој настан се одржа и успешна изложба на слики од младиот автор Стефан Плескониќ, кој подари едно свое дело во корист на настраданите деца од земјотресот во Ван, Турција.
Двата настани беа спонзорирани од Ѓевахир Холдинг Истамбул, фирма сопственик на Чевахир хотел Истанбул и иден инвеститор во градба на комплекс од 4 висококатници во општина Аеродром.