Се она што волонтерот го дава е многу повеќе од донирање пари. Тој издвојува од своето слободно време, фамилија, професија, се со цел да им се помогне на ранливи категории луѓе.
– Тука ја гледам и глобалната дефиниција на волонтерството, како доброволно давање услуги инспирирано единствено и само од слободната волја, а не поради материјална или било каква друга корист и добивка, додава Точков.
Во општинскиот Црвен крст волонтираат луѓе на најразлична возраст, од 7 до 77 години. Како што потенцираа од Црвениот крст, нивните врати се отворени за секој кој сака да помогне.
Во светот се евидентирани 130 милиони волонтери, што значи дека од 10 седум жители се волонтери на Црвениот крст.
2011 се одбележува како година на волонтеризмот и затоа во текот на годината се реализираа бројни активности под мотото “Пробуди го волонтерот во себе”.
Кампањата привршува на 5 декември, кога централниот настан ќе се одржи во Скопје каде ќе биде отворена изложба на фотографии поврзани со волонтерството. Истиот ден во Охрид, на градскиот плоштад ќе се делат едукативни материјали за волонтерството, а ќе се одржи и забавно- културна програма.