Во присуство на голем број гости од јавниот живот и верни читатели, првиот електронски весник во Македонија OhridNews го прослави својот петти роденден.

Во пријатниот амбиент во галеријата на Центарот за култура, за кој се погрижија фирмата за организација и декор Impact group, ресторанот „Дамар“ и со техничка подршка на Mega Production , гостите имаа можност да се потсетат на значајните моменти кои ги одбележаа изминатите пет години работење на најчитаниот интернет медиум во поширокиот регион. Амбиентот беше надополнет со настапот на бендот на познатиот музички уметник Емилија Маринова и актерот Никола Тодороски. Не изостанаа и бројните честитки на читателите од Охрид, како и  од странските земји.


OhridNews