Народниот театар од Охрид, како и другите национални театри во државата ќе добијат нова опрема неопходна за обавување на дејноста, најави Министертвото за култура.

За ова вчера било разговаранои на средба помеѓу министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и директорите на националните театри. Тие биле информирани дека Владата го задоложила Министерството за култура да изготви тригодишен акциски план за набавка на сценска, светлосна и тонска опрема за театрите, како и набавка на моторни возила – комби.

Директорите на националните театри од Министертвото за култура побарале доследна, навремена и прецизна реализација на нивните програми. Исто така се заложиле во иднина повеќе меѓусебно да соработуваат и да си гостуваат со претстави.

OhridNews