Охрдското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија за дочекот на Старата Нова Година Василица организираше голем хуманитарен собир.

-Ова е еден од многуте хуманитарни собири кои ги организира нашето друштво. Средствата кои беа собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош на социјално загрозените категории во Македонија, велат организаторите.

Инаку хуманитарниот собир се одржал во познатиот ресторан „Емералд“, а за забавата на гостите задолжена била фолк пеjачката Андријана Алачки, во придружба на бендот „Соната“. Со Алачки настапиле и интерпретаторите на македонска музика Фазли Луика и Климент Ангелоски.

OhridNews