Традиционално и оваа година, членовите на охридското здружение Илинденски Марш Христо Узунов ќе го изведат Илинденскиот марш од Охрид до Крушево.

Утре, 28-ми јули, во Црквата Св.Троица во 18 часот ќе се одржи свечена литургија и молитва за среќен пат за учесниците на маршот, каде ќе присуствува и Јохан  Трчуловски. Илинденскиот марш ќе започне во утринските часови на 29 јули. Ќе се пешачи во планинските предели покрај селата Куратица,Велмеј,Брежани, а предвидено е во поладневните часови учесниците да пристигнат во Илинска Црква каде ќе преноќат.

Маршот ќе продолжи на 30 јули. Учесниците упатувајќи се кон својата крајна цел- Крушево , ќе минат и кај селата Големо и Мало Илино,Железнец,Доленци,  Брезово, Зашле,Дивјаци,Арилево.

На 1 Август Здружението Илиндески Марш Христо Узунов ќе учествува во свеченото дефиле во градот Крушево и ќе положи цвеќе на гробовите од Питу Гули, Тоше Проески  и Никола Карев. На 2 Август, охридските комити ќе се учествуваат  во дефилето на Мечкин Камен.

OhridNews