Охридското езеро деновиве беше порибено со подмладок јагула. 30.000 млади здрави јагули беа пуштени во водите на езерото на повеќе локации Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков и Охрид.
Охридското Езеро годинава беше порибено со околу 2.800 килограми или околу 90.000 парчиња млада јагула. Следното порибување се предвидува за две години.