Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи извршени денеска, нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри под минималната кота која се наоѓа на 693,10 метри надморска височина. Температурата на водата изнесува 6 степени Целзиусови.

Водостојот на Охридското Езеро подолг период е под минимумот. Научната јавност посочува дека ваквите големи осцилации на езерото кое и натаму се третира како акумулација за призводство на електрична енергија, негативно се одразуваат на живиот свет во него. Осцилациите влијаат и на стабилноста на земјиштето во крајбрежјето, но и на влажноста во воздухот што се одразува на вредното културно наследство во сакралните објекти.

Според пресметките на научниците, доколку нивото се спушти за само за еден сантиметар значи повлекување на околу 3 милиони метри кубни вода, што е голема маса со оглед на вкупната површина на Охридското езеро од 358 километри квадратни.

Г.М.