Две лица од Охрид нападнале 54-годишен охриѓанец во казино на улицата „Партизанска“. Инцидентот се случил вчера во 6.30 часот, а случајот во охридската полиција бил пријавен еден час подоцна од нападнатиот.

Според пријавата инцидентот се случил кога на пријавителот му биле побарани 1000 денари, а тој одбил да им даде, по што бил физички нападнат и му биле одземени 10.000 денари.

Со тешки телесни повреди: фрактура на нос, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата, нападнатиот најпрвин бил примен во охридската општа болница, од каде бил префрлен во специјалната болница Св. Еразмо.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, сопшти МВР.

OhridNews