Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид против 59-годишно лице од Охрид поднесе кривична пријава. Нему одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.
-На 26-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 527 таблети екстази, околу 15 грама опојна дрога кокаин, 630 грама додаток за мешање со кокаин, околу 400 грама опојна дрога марихуана, 1450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага марка и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети. Вкупно 216 таблети поточно метиолендиокси- метамфетамин (МДМА) што како психотропна супстанца и стимуланс на централниот нервен систем е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци, се пронајдени сокриени во кујната. Останатиот дел таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.-информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Пријавениот е лице познат на службата против кого, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави, се вели во соопштението.
OhridNews