– Ќе имам 40 минутен настап на кој ќе изведам авторски композиции кои веќе подолго време ги презентирам на мојот You tube канал и импровизации на музички теми.-изјави за OhridNews, Дамјан Пејчиноски.
На фестивалот Дамјан настапува на покана на „Linford guitar“ – страна за која дава онлајн часови по гитара. По завршување на фестивалот кој трае два дена Дамјан останува во Лондон каде ќе има два до три настапи во клубови.
Дамјан Пејчиноски од неодамна е ексклузивец на компанијата „Пол Рид Смит“ – „ПРС“ која е спонзор на светски познатите музички имиња како Карлос Сантана, Анди Меола, Оријати и други. За сите нив компанијата изработи специјални гитари, а таква неодамна доби и Дамјан.
-Задоволен сум од својата кариера со оглед дека се занимавам со не толку комерцијална музика за да би имал којзнае каква полуларност, но сепак сметам дека се движам во правилна насока. Потпишав договори со „ПРС“ и „Артек“, компанија за музички ефекти, а неодамна потпишав договорот и со музичката компанија „Реунион плус“. Следно што ми треба е еден добар албум со кој што мислам дека би ја проширил својата кариера, која што мора да се развива надвор, затоа што границите на Македонија за ваков вид музика се мали-истакна Дамјан Пејчиноски.