Голема недоварба покажуваат граѓаните на Охрид кон јавното здравство. Oва го покажуваат резултатите од анкетата што во изминатите десеттина дена за свои потреби ја спроведе OhridNews.

Мислењето на граѓаните треба да ги загрижи надлежните, дотолку повеќе што тие години нанзад ја убедуваат јавноста дека вложувањата и реформите го модернизираат македонското здравство. Наспроти ова, дел од јавните здравствени установи во Охрид, пред се општата болница каде е изграден нов болнички блок во кој е инсталирана најнова опрема, долги години се соочува со недостиг на специјалисти во повеќе одделенија, а пациентите често пати се жалат на недостиг на лекови.

OhridNews

Следно анкетно прашање: Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?