Спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа е во многу лоша состојба, а локалната самоуправа не презема мерки за нејзина соодветна санација, обвинува ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

Пред еден месец градоначалникот Ногачески помпезно објави дека извршил санација на балон салата Аминта Трети во с. Требеништа каде што за санација и за изработка на акрилна подлога на тениско игралиште потроши 175.000,00денари. Но за жал сликите покажуваат дека тие пари залудно ги потрошил, а од санација нема ни С. – велат од ВМРО ДПМНЕ – Дебрца.

Градоначалникот Ногачески на обвинувањата одговори со статус на Фејсбук. Посочи дека тие се упатени на погрешна адреса.

Точно е дека инвестиравме 175.000 денари во балон салата, од кои 135.000 за акрилната подлога за тениското игрлиште, а 40.000 денари за санација на оштетените странични делови од салата. За состојбата на балон салата и сликата што ја прикажувате обратете се кај вашиот поранешен градоначалник, кој потроши повеќе од 100.000 евра народни пари, за да само по две три години салата прокиснува од сите страни. Прокиснувањето е од тоа што многу “квалитетно” бил изработен покривот и за негова санација сега ќе ни се потребни не 175.000 денари, туку илјадници евра. – напиша Ногачески.

ВМРО ДПМНЕ, пак, го потсетува Ногачески дека е градоначалник речиси четири години и дека негова основна работа е да се грижи за имотот на општината, а не да ги остава општинските ствари да се уништуваат како во случајот со балон салата во с.Требеништа.

OhridNews