Носечка тема на манифестацијата оваа година беше локалниот економски развој и можностите на општините во Република Македонија. Традиционалната саемска манифестација на локалните власти, свечено беше отворена во Метополис Арената, на Скопско сајмиште.
Воведно обраќање на ЗЕЛС ЕКСПО 2011 имаше претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, а на присутните им се обратија и Пол Волерс, амбасадор на САД во Република Македонија, амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото и Робин Лидел, вршител на должност на Делегацијата на ЕУ во РМ.
Општина Охрид на својот штанд, поставен во стил на традиционална охридска одаја ги презентираше своите досегашни активности, постигнатите резултати како и идните правци на дејствување. Притоа, беа презентирани можностите за инвестиции, постигнување на одржлив развој преку интегриран пристап за управување со културното наследство,со реализација на проектот СУСКУЛТ, воведувањето на современ пристап во промоција на туристичката понуда преку современ систем на информативни пултови на допир и локалниот економски развој преку примерот на јавно-приватно партнерство во МЈП Проаква.