Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични прес конференции на ОО СДСМ Охрид, во кои денес гледаме нов лик од иста партија со исто задолжение, е коментарот од локалната самоуправа по денешната прес конференција на пратеничката Жаклина Лазаревска.
– Очекувавме барем да се смени содржината на пресот, а ако веќе навистина загриженоста им беше искрена, во серија од три пресови, барем да ни предложеа решенија. За жал на новинарско прашање за предлог мерки слушнавме дека охридското езеро е природно езеро и дека треба да реагираме. Им благодариме за научните сознанијата и предлог мерките. И покрај опсежните и стручни објаснувања од ЕЛЕМ и УХМР за причините за нискиот водостој и преземените мерки за решавање на состојбата очигледно е дека политичката агенда на ОО СДСМ Охрид добиена по диктат, ја совладала нивната лажна грижа за езерото, велат од локалната самоуправа.
OhridNews