Поради личните и партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, а не на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески, неколку години наназад, Охрид и неговите граѓани се вистинската жртва.Поради политички реваншизам , централната власт на ВМРО- ДПМНЕ , не само што не ги поддржува,  туку отворено ги кочи сите проекти на Локалната самоуправа, па затоа бесмислено е првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ  Атанаско Михаилов, вината да ја бара кај друг, стои во реакцијата испратена од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, во врска со денес одржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Очигледно е дека Атанаско Михаилов и денеска  ја згрешил адресата за обвинувањата во врска со урбанистичката сфера. Наместо на адреса на градоначалникот, обвинувањата требаше да ги испрати до надлежните органи во централната власт на чие чело е неговата партија ВМРО- ДПМНЕ. Градоначалникот и локалната самоуправа ги почитуваат потребите на граѓаните и носат урбанистички решенија кои секогаш се во согласност со законите. Михаилов треба да знае дека во целата постапка, неопходни се многу согласности кои ги издаваат повеќе институции на централната власт. Навистина дегутантно и политички наивно е дека јавноста ќе поверува во неаргументираните напади на ОК на ВМРО- ДПМНЕ и Михаилов, упатени кон градоначалникот .На сите им е јасно дека со тоа , тој  сака да ја дискредитира личноста на градоначалникот Петрески , а  за себе да извлече лична и политичка  корист, стои во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот. 

OhridNews