Буџетот на единицата на локалната самоуправа Охрид за 2016 година и Предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2016 година се дел од точките на дневниот ред на 49-та седница на Советот на општина Охрид која ќе се одржи во утре на 25-ти декември 2015 година.

Исто така на седницата се очекува да бидат усвоени и Развојните програми од областа на туризмот, локалниот економски развој, за градежно земјиште, урбанистички планови, образование и детска заштита за 2016 година.

Покрај овие програми советниците ќе расправаат за усвојување на програмите за спорт и рекреација, културни манифестации и творештво, за одбележување празници и манифестации, за заштита на животната средина и природата, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година.

На дневниот ред на седницата ќе се најдат и програмите за тековно работење за 2016 година, на сите општински јавни препријатија.

OhridNews