Со свечена приредба, подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев” во населбата Рача, го одбележа својот патронен празник. На свеченоста, што се одржа во рамките на годинашните „Прличеви беседи”,  настапија учениците од училиштето, со богата културно-уметничка програма, во која презентираа бројни содржини поврзани со наставните и воннаставните активности.

Одбележувањето на Патрониот празник продолжува утре, во 10.30 часот кога ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев, а  во 11 часот ќе започне Прличевата визита што ќе се одржи во просториите на основното училиште.

Во 18.30 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, обраќање ќе има директорот на училиштето, по што ќе следи потпишување на меморандум за соработка со „Гете- Институт“. Присутните ќе може да ја видат ликовната изложба, а ќе бидат доделени и наградените творби. Во 19 часот ќе се одржи свечена приредба.

OhridNews