По повод 49-годишнината од постоењето на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и во чест на патронот „Св Наум Охридски“, деновиве училиштето организираше низа други активности и отворени денови за охридските основци.

Основците имаа можност да го посетат ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и кабинетите од стручните активи во кои беа презентирани постигнувања на учениците и нивните ментори.

Во рамки на отворените денови се одржа и работилница – кариерно советување која ја рализираше психологот на училиштето и кариерен советник Ангелина Филкоска Соколовиќ. Учениците, родителите и професорите имаа можност да се дружат и на спортските активности, а подоцна и заедно да се релаксираат во придружба на училишниот оркестар „Македонски бисери“.

OhridNews