Во просториите на училиштето беа изложени изработки од учениците, а присутните имаа можност да ги пробаат вкусните и здрави јадења приготвени од вредните детски раце. Од училиштето информираат дека резултатите од овие активности веќе се очигледни- учениците почнуваат брзата храна на одморите да ја заменуваат со овошје и зеленчук.
На пригодната свеченост што ја организираше училиштето присуствуваа претставници од министерството за образование и наука, локалната самоуправа, претставници на менаџерскиот тим на проектот, директори на основни и средни училишта.
Кампањата чија цел е подигање на свеста на учениците за значењето на здравата храна, започна во октомври годинава , а се проведува и во дел од скопските училишта. Покровител н апроектот е Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорге Иванов.