OhridNews дневно има над 14.000 уникатни посети, над 51.000 прочитани содржини, и 7500 следбеници на Facebook. Месечно најчитаниот интернет медиум во поширокиот регион остварува над 400.000 уникатни посети, а бројот на прочитани содржини месечно надминува 1 милион. За 5 години постоење OhridNews има објавено близу 40.000 информации, кои го привлекле вниманието на над 11 милиони посетители.
OhridNews во изминатите пет години покрај висок професионализам по кој е препознатлив, покажа и голема општествена одговорност поддржувајќи бројни хуманитарни проекти, спортски и културни настани. Реализираше проекти од областа на животната средина, помагаше иницијативи на невладиниот сектор. За придонес во афирмацијата на Охрид во 2008 година електронскиот весник ја доби Св. Климентовата повелба, а во 2010 година националното признание за развој на демократското општество.
Наградите годат, но сепак најмногу ни значи довербата која ја уживаме од Вас почитувани читатели, кои будно не следите од самиот почеток поддржувајќи не во развојот, но и укажувајќи ни на пропустите и грешките. И натаму ќе продолжиме да ве информираме објективно и навремено за сите случувања од интерес за јазвноста, доследно почитувајќи ги новинарските стандарди и етички норми.
Ви благодариме што полни пет години сме Ваш прв избор.
OhridNews