Поради бројните реакции дека од година во година доделувањетона највисокото општинско признание, Свети Климентовата награда, се политизира, годинава одлуката во чии раце ќе оди наградата ја носи градоначалникот Александар Петрески и комисија составена од угледни охриѓани.

Од локалната самоуправа не ги откриваат имињата на комисијата која ја формира градоначанликот, освен дека станува збор за познати професори и видни граѓани од Охрид.

Во изминатите години одлучуваше комисија составена од советници, кои се претставници на политичките партии. Каков ќе се донесеше став во политичката партија од која доаѓаат, така советнциите- членови на комисијата гласаа. Поради тоа изминатите години наградата ја добија луѓе кои воопшто не ја заслужија, вели градоначалникот Петрески.

Советнциите донесоја измени во статутот за доделувањето на наградата, според кои годинава одлуката кој ќе ја добие Свети Климентовата награда ја носи градоначалникот, кој имаше обврска да формира комисија составена од угледни граѓани кои ќе ги разгледаат пристигнатите пријави.

Кога ќе го објавиме името на годинешниот добитник ќе се уверите дека при носењето на одлуката воопшто не влијаела политиката, потенцира Петрески.

Кој ќе ги добие повелбите и понатаму одлучува комисија составена од членови на советот на општината.

За највисокото општинско признание, Свети Климентовата награда и повелба- Патрон на градот до локалната самоуправа годинава по распишаниот конкурс пристигнаа 20 пријави. Право на учество на конкурсот имаа установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Врачувањето на признанијата ќе се изврши на Свечената седница која традиционално ќе се одржи по повод празникот Свети Климент, Патронот на Охрид.

OhridNews