Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“  и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, денеска ќе ја накитат новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Оваа убава традиција започна пред 14 години и претставува вистинска атракција.

Покрај искусните нуркачи, во китењето на елката која ќе биде поставена во Заливот на Коските ќе учествуваат и млади членови на нуркачките клубови од градот.

OhridNews