Велгошти

Од 01.07.2022 - 00:00 до 13.07.2022 - 00:00

По пауза од две години поради корона кризата, топката повторно ќе се тркала на игралиштето во центарот на Велгошти. Се враќа турнирот во мал фудбал “Велгошти 2022”, кој традиционално се оддржува по повод празникот Св.Петка.

По пауза од 2 години Турнирот во мал фудбал “Велгошти 2022” повторно ќе се одржи
  • Во тек е пријавувањето на екипи кое ќе трае до 13.07.2022. Учество е 3000 денари по екипа, а уплата се врши на следнава жиро-сметка: 250-0003008837-32, Шпаркасе банка. – информираат организаторите, кои најавуваат богат награден фонд. 
Пријавувањето на екипи трае до 13 јули

По завршување на рокот, нема да се врши пријавување на екипи, посочуваат организаторите.

Г.М.