Во 42-та година од животот, ненадејно вечерва од срцев удар почина Роберто Беличанец, извршен директор на Македонскиот центар за медиуми и познат аналитичар на медиумите.

Тој беше силен критичар на општествените случувања и актуелната политика на влсата и не се плашеше јавно да ги искаже своите ставови,  за што често беше и јавно критикуван од неистомислениците.

На социјалната мрежа Facebook неколку часа пред смртта тој го постираше својот последен коментар:

„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“.-напиша во последниот коментар Беличанец.

Веста за смртта на Роберто Беличанец предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Роберто Беличанец е роден во Прилеп на 1 февруари 1972 година.

OhridNews