Во Македонија денеска почнува изборната кампања за парламентарните избори што ќе се одржат на 11 декември.

Во изборната трка ќе учествуваат коалицијата предводена од владејачката ВМРО ДПМНЕ, коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Коалицијата за промени и правда, коалицијата ВМРО за Македонија, коалицијата  Алијанса за Албанците, како и партиите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ традиционално кампањата ќе ја започне со митинг што ќе се одржи вечерва во Охрид. Изборно мото на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е „Знаеш што е подобро“. 

Право на глас на изборите имаат 1.770 736 гласачи запишани во Единствениот избирачки список. 

OhridNews

П Р А В И Л Н И К за покривање на предвремените парламентарни избори 2016 година на OhridNews