Утрово вратите за купувачите ги отвори новиот, екслузивно опремен и снабден „Топ маркет“ на компанијата „Семафор Комерц – Р“, лоциран на улица „Партизанска“, во близина на Факултетот за туризам.

Купувачите се импресионирани од новиот „Топ маркет“, кој плени со амбиентот, хигиенските услови и исклучителната понуда на топли печива и топол леб, кои ќе ги има во секое време, свежо спакувано месо, свежа морска риба  исто така спакувана, како и големиот избор на вина и алкохолни пијалаци, разноврсната понуда на свежо овошје и зеленчук, детски играчки, храна за миленици… по повод отварањето на новиот „Топ маркет“, на акција е дел од големата понуда и одбран асортиман на текстил, која ќе трае до потрошување на залихите.

Новиот „Топ маркет“ е осми во Охрид и туристичките населби во околината на компанијата „Семафор Комерц – Р“, која 31 година е синоним за  успешен трговски бренд.

Фото галерија:

 

OhridNews