Поднесена е кривична пријава против 23-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21-ви јануари во кафе бар на улицата „Партизанска” пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, влегол и побарал да биде послужен со пијачка и почнал да упатува пцовки и закани кон сопствениците на објектот, кои во моментот не биле присутни во објектот.
Откако не бил послужен истиот продолжил да упатува вербални закани кон сопствениците, за што од страна на вработените бил повикано лицето кое работи како обезбедување на објектот. Пријавениот физички го нападнал удирајќи го во главата, скршил една столица, а откако бил изваден надвор од објектот, со тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата.
OhridNews