Добивте покана за роденден, одите на именден, славите јубилеј или друг убав настан. Ви треба подарок, но немате многу време за шетање по продавници. Не грижете се, отсега можете брзо и квалитетно да изберете подарок за секоја пригода и секаква возраст во ново отворениот “TOP GIFT SHOP”, во центарот на Охрид.

“TOP GIFT SHOP” народски кажано е супер опремена „џиџимицарница“ во која ќе најдете пригодни подароци за мали и за големи, играчки, „акцесоари“, сезонски украси (новогодишни, божикни), рамки за слики во разни димензии, миризливи свеќи, украсни шишиња и кесички, огледала…

Во “TOP GIFT SHOP” има од игла до локомотива. Таму ќе најдете корисни предмети за домаќинство и прозводи од текстил како ќебиња, папучи и друго.

Посебно интересна е роденденската програма. “TOP GIFT SHOP” нуди разни свеќи, чаршафи, маски, свиерчиња, чинии со цртани ликови, балони на хелиум со јунаците од филмовите, како и специјални подароци и балони за новороденчиња.

“TOP GIFT SHOP” кој е дел од познатиот трговски ланец „Топ маркети“, ќе го најдете во близина на плоштадот, во поранешно “Mezzo Forte”.

OhridNews
Фото: Емилио