Во царинската испостава Струга е спречен обид за влез на стока чиј увоз е забранет, информира Царинската управа.

Увозник од Скопје пријавил за увозно царинење 10.420 килограми Безоловен бензин РОН 95. Поради сомневање дека стоката е неправилно декларирана, била земена мостра и испратена на испитување во царинската лабораторија, од каде бил добиен одговор дека се работи за безоловен бензин кој согласно Водичот за царинење треба да се распореди во друга тарифна ознака, за која увозот е забранет.

Врз основа на резултатите од анализата, царинската испостава изготви записници за царински прекршок и тарифна ознака и донесе решение за враќање на стоката во странство.

OhridNews