Во текот на првите три дена од наредната седмица во Охрид и понатаму ќе биде студено со изразено ниски температури под нулата. Во понеделник и вторник можни се повремени врнежи од снег. Дневната температура ќе се движи од -9 до -10, а минималната ќе биде -16 степени.
Во среда ќе биде сончево со повремени периоди на наоблачување и температура од -4 степени, а вечерната ќе се спушти до 11 степен под нулата.
Од четврток следи благо покачување на температурата на воздухот. Во петок и за време на викендот се очекуваат врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе биде од 1 до 4, а минималната од -8 до -5.
OhridNews