Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“, каде човек се закануваше дека ќе се замоубие скокајќи од тераса на станбена зграда.

Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош, јавува националната агенција „Миа“.

OhridNews